Алијанса за Албанците: Филипче и Османи од морални причини да поднесат оставка

Постојаното зголемување на бројот на заразени лица сведочи за лошото управување на владата со ситуацијата создадена од пандемијата, а ова лошо управување се докажува со позиционирањето на Северна Македонија на 130-то место во однос на тоа како да се справи со кризата со коронавирусот, рече Вулнет Ферати, потпретседател на Алијансата за Албанците.

– Во време кога сите соседни земји најавуваат намалување на бројот на заразени лица, овој број кај нас расте. Со овие податоци Северна Македонија е ставена на „црниот“ список – што значи ограничување, односно забрана за патување на нашите жители во странство. Во исто време, доаѓање на граѓани од други земји во Северна Македонија. Ова носи потешкотии за секој граѓанин на нашата земја и дополнително ја продлабочува лошата економска состојба, што веќе е доста лошо – рече Ферати.

Тој побара оставки од министерот за здравство Венко Филипче, од вицепремиерот Бујар Османи, како и од сите оние кои се занимаваат со управувањето на кризата.

– Овие се доволни факти кои го оптоваруваат министерот за здравство Венко Филипче, координаторот на кризните штабови на општините Бујар Османи, членовите на кризниот штаб и сите тие кои се занимаваат со управувањето на кризата, барем од морален аспект треба да поднесат неотповикливи оставки од своите работни места! Граѓаните не се должни да плаќаат за неспособностa на овие лица со своето здравје. За жал, владата сè уште не покажува зрелост за сериозноста на ситуацијата, затоа итно мора да се преземат мерки – рече Ферати.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега