Алијанса за Албанците: И во Желино се пукаше на митинг на ДУИ

Алијанса за Албанците на прес конференција откри дека и во Желино се пукало на митинг на ДУИ и повторно денеска побара одговорност од инволвираните во инцидентите во изборната кампања.

Почнувајќи од првите три дена на предизборната кампања, актуелниот режим со оружје и вандализам има намера да ја наштети предизборната кампања.  Ние се соочуваме со противници кои што не знаат што претставуваат демократски и цивилизирани избори, но ова се нивните последни клоци, порачува Алијанса за Албанците.

– Првично во Чаир, а деновиве и во Желино, отварањата на комуналните штабови на ДУИ се придружени со пукања додека се гледаат и високи функционери како ракоплескаат и како ги поддржуваат овие дела.  Освен пратениците и останатите функционери, за време на последниот инцидент во Желино присутен беше и заменик министерот за правда, Агим Нухиу. Се потсеќаме на настаните пред 4 години во Чаир, кога победата беше украдена и никој не одговараше за пукањето со оружје, затоа, ние сме уверени дека ни овој пат нема да се преземе ниту една мерка, бидејќи обвинителството е во рацете на бившиот министер на ДУИ и законот за нив не важи.  Власта предводена од ДУИ-ДПА која манипулираше со изборите во Чаир од 2013 година нема епилог. И другиот пазарџија се казнува, па потоа се става предметот на повторно разгледување, само затоа што  одлично им служи на тајните служби – беше речено на прес конференција на Алијанса за Албанците.

Партијата реагира и на чинот на уништувањето на предизборните материјали во Тетово, што според Алијанса исто така е аларм за институциите во земјата, а посебно на меѓународните заедници, на мисиите за набљудување (мониторинг) и Европската Унија.

Алијанса јавно го прашува премиерот Зоран Заев, дали се овие инциденти со оружја и демолирање на предизборниот материјал во Скопје и Тетово, стратегија на Владата, бидејќи веќе се дозна дека неговите партнери  се извршители на овие дела?

– Сакам да ги по повикаме граѓаните да не се вознемируваат. Овие се последните обиди на коњот пред умирање, дела на партии кои губат. И во минатото сме виделе партии кои направиле вакви дела и денеска се борат за да преживеат – вели Алијанса за Албанците.

30.09.2021 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега