Алијанса за Албанците: Парцела која е јавна сопственост се користи како приватен паркинг без никаков договор

Преку прес-конференција тетовскиот огранок на партијата Алијанса за Албанците реагираше, на како што посочија, пример на јавна површина која се узурпира и за тоа нема реакција од локалните власти како и Обвинителството. Претседателот на огранокот и Музафер Етеми ја посочи локацијата до зградата на Судот, Обвинителството и Правобранителството која се користи за паркирање на возила.

-Оваа парцела каде што сме е јавна сопственост и се користи за деловно работење, поточно приватен паркинг без никаков договор помеѓу општината и физичкото лице или кое било правно лице кое и да е.  Вака функционира Општината, поточно градоначалникот но и домот на правдата. Како може да се случи тоа во центарот на градот пред очи на сите минувачи. Оние кои што треба да создадат ред, го кршат тоа. Оние кои треба да ги решат проблемите ги комплицираат уште полошо, тука има катастарска потврда, за катарстарската историја на оваа парцела, истакна Музафер Етеми.

Тој побара сите надлежни институции да преземат соодветни мерки.

-Обвинителството како независно тело мора да ги преземе потребните правни активности за откривање на кривични дела и сторители како и за навремено истражување и гонење на кривични дела, како во конкретниот случај на узурпација на јавниот имот за приватен бизнис, но напротив, со својот молк јасно покажува дека Обвинителството не е независно и дека оваа зависност од политиката оди на штета на граѓаните. Молчи и Државниот правобранител и полициските тела. Знаејќи дека општината управува, ги прашуваме надлежните органи на Општина Тетово врз која законска основа се користи за паркирање ова место и во чиј интерес се користи, истакна Музафер Етеми.

Алијанса за Албанците побара општината јавно да прикаже правна основа – договор за употреба  на таа парцела. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега