Алијанса за Албанците: Владините функционери продефилираа во Тетово без срам

Оние кои речиси две години не најдоа ниту еден ден да им помогнат на тетовци во борбата против панденијата, по синоќешната трагедија, без срам, продефилираа на местото каде што изгореа многу луѓе и беа загубени многу животи, обвинуваат од Алијанса за Албанците.

„Лицемерието на министрите и функционерите на Владата на СДСМ-ДУИ оди дотаму што бара истраги, а истовремено ги попречува истрагите, газат на местото на истрагите уништувајќи ги доказите и трагите што би помогнале во расветлување на овој случај“, се наведува во партиската реакција.

Од партијата на Зијадин Села апелираат до надлежните да покажат малку грижа и како што велат, со своите луксузни и цинични паради да не додаваат уште повеќе болка на семејствата на жртвите.

09.09.2021 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега