Алијанса за Албанците: Заев да ѝ се извини на администрацијата, има докази за корумпирани министри и директори

Алијанса за Албанците го повикува премиерот Зоран Заев итно како што велат да се повлече од вчерашните обвинувања кон јавната администрација и да им се извини на сите администратори.

„Амнестирање на министри и директори од корупција и обвинувањето на администраторите за неодамнешните проценки на Стејт Департмент е само низок обид да се дефокусира јавното мислење и силен удар врз оние кои веќе работат под постојан притисок и во мизерни услови“, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Во време кога имаме јавни докази за корумпирани министри и директори, разрешени и осудени функционери, поранешниот директор на Здравствено осигурување, „пациентот“ кој дури е унапреден во поранешен генерален секретар на Владата, ваквите изјави на премиерот Зоран Заев јасно покажаа дека во Владата не постојат само криминал и корупција, туку и организиран криминал. Итно да запрат нападите врз јавната и државната администрација, тие и онака имаат голем притисок и условувања за време на изборните процеси, ниски плати и тешки услови за работа“, додаваaт во писменото соопштение од Алијанса за Албанците.

27.07.2021 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа