Алијанса/Алтернатива: Ние Албанците не се разбудивме еден ден да кажеме дека не потекнуваме од Илирите

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива реагира на јазикот што се користи во учебникот по географија за втора година гимназија и бара да се измени и дополни Законот за учебници, а учебниците за албанските ученици да бидат од албански автори.

Според Коалицијата, во споменатиот учебник има говор на омраза, поттикнување на меѓуетничка омраза и фашизам.

„Ние како коалиција не можеме да го заобиколиме фактот дека на овој начин се врши институционален презир, со знаење и одговорност на министрите на ДУИ, кои низ годините дозволија такво оцрнување на Албанците од страна на државните институции.

Ја поддржуваме изјавата на премиерот кога вели дека ‘Македонците не се разбудија во далечната 1944 година и рекоа дека од денес сме Македонци‘, но тој и неговите подредени, па дури и оние аргати албанофони, треба да знаат дека и ние Албанците не се разбудивме еден ден да кажеме дека ‘од денес веќе немаме потекло од Илирите, туку од Черкезите, Ромите и Турците‘, како што тој сака да ги учи македонските, албанските и другите деца од Република Северна Македонија. Не се разбудивме еден ден од спиење и градот каде што се создаде албанската азбука, значи Манастир, да го наречеме Битола, затоа што на државните институции не им се допаѓа да го нарекуваме Манастир или да признаеме дека сме дојдени од планините само затоа што некој сака да создаде ‘Национална енциклопедија‘ и за ова им пречат нивните албански сограѓани“, пишува во реакцијата од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Коалицијата, како што се додава, имајќи предвид дека станува збор за реформи и нов концепт за основното образование, каде примарна улога ќе има интеграцијата на предметите и издавањето на нови учебници, има неколку барања:

„Да се измени и дополни законот за учебници;

Концепцирањето на учебници за албанските ученици да се спроведе од автори Албанци, имајќи предвид дека албанскиот јазик е официјален и за тоа имаме стручен кадар (да не заборавиме дека имаме јавни универзитети, каде се создаваат кадри за основно и средно образование) и

Конкурсот за нови учебници треба да има форма што ќе бидат прифатени најмалку два најдобри учебника од двата јазика, за да може тогаш да се комбинираат темите од мултиетничката комисија за подобар квалитет на учебникот“, се барањата од Коалицијата.

Оттаму ги повикуваат албанските професионалци, автори, преведувачи и уредници да „не стануваат жртви на вакви злонамерни манипулации и по секоја цена да ги ставаат своите имиња во таквите учебници, затоа што така прават кривично дело во кое преземаат одговорност од историски размери“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега