Алијасна изненадени: Како можеше Гаши да го понишити нашиот договор за влез во најнеспособната Влада

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека „реално се изненадени“ од одлуката на нивниот досегашен коалициски партнер Алтернатива да се приклучи кон Владата.

– Не би сакале да коментираме политички потези на други политички партии, затоа што ние ја имаме нашата агенда, но реално кажано ние сме изненадени од леснотијата како може една политичка партија со толкава леснотија да поништи еден договор и утредента да потпишува друг договор, особено имајќи предвид дека тој договор се потпишува со претставници на мнозинство, кое според сите индикатори и сите показатели е најлошото мнозинство, односно најнеефикасната и најнефункционалнта власт во триесетте  години плурализам во Република Северна Македонија. Реално сме изненадени од ваквиот чекор на досегашниот наш политички партнер, рече Азири.

Тој потенцира дека партиските органи допрва ќе утврдат стратегија како на локално ниво ќе соработуваат со Алтернатива. Азири истакна дека во наредниот период ги очекуваат многу работа, на 25 ќе се одржи седница на Централното собрание на Алијансата, а потоа и парискиот конгрес.

– Ова е нов момент и очекуваме следните денови, органите на партијата да заземат став и за можната идна соработка со Алтернатива на локално ниво. Ќе видиме како ќе постапиме како политичка партија, рече Азири.

Одговарајќи на новинарско прашање, Азири истакна дека е рано да се дискутира за наредните парламентарни избори, бидејќи, како што рече, нема такви сигнали. Меѓутоа, посочи Азири, Алијансата очкува многу скоро земјата да оди на парламентарни зибори.

06.12.2021 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега