Алиу: На владина седница се разрешени двајца директори - кадар на АА

 

Министерот Азир Алиу на вечерашната вонредна прес-конференција откри дека на денешната седница биле разрешени двајца директори, кадар на Алијанса за Албанците, за кои претходно немало договор од таков исход, но откако реагирале, наместо техничкиот премиер Талат Џафери, Груби им одговорил дека тоа така треба да биде.

Разрешени се директорот на Македонски пошти, Бујаре Абази, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Газменд Абдија. Абази е и потпретседателка на АА.

Двајцата министри, за здравство, како и за информатичко општество рекоа дека секоја точка на дневен ред што доаѓала од нив, веднаш се одбивала.

06.02.2024 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега