Алиу: Сите повредени надвор од животна опасност, тројца пуштени на домашно лекување, една пациентка се уште хоспитализирана
Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиште за рециклирање отпад во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица (припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец), веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу.
Кај хоспитализираната пациентка, која е со коморбидитети, се прават дополнителни анализи, се третирасоодветно и Алиу се надева дека бргу и таа ќе биде пуштена дома.
14.09.2025 - 13:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа