Алтеринатива му одговори на Мицкоски за предлогот Гаши да биде новиот мандатар: Ви благодариме за почитта

Алтернативна му одговори на Мицкоски за понудата Африм Гаши да биде новиот мандатар.
Од партијата се заблагодаруваат за почитта која опозицискиот лидер ја изразил кон нивниот претседател. Велат дека во моментов се во процеси кои се уште се во тек и дека не сакаат да излезат со коментари.
Според информациите кои доаѓаат од таму, Алтернативна утре ќе одржи седница на Централното Претседателство на која ќе решаваат кои ќе бидат следните чекори на партијата и дали ќе останат дел од владиното мнозинство.
Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши и тој наместо Димитар Ковачевски да биде идниот мандатар бидејќи велеше дека единствена причина заради која ја поддржува влада е да не го кочи евроатланскиот процес кој гледаме дека е закочен. Потоа гледам дека си најде нова причина, а тоа да ги реши економската и енергетската криза, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања на тема Албанец премиер.

 

17.12.2021 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега