Алтернатива: Го подржуваме суверенитетот на Косово и повикуваме за умереност и дијалог

„По ескалација на ситуацијата во северот на Косово, АлтернАтивА смета дека Република Косово има потполно право да го воспостави државниот суверенитет на целата своја територија и да го спроведе законот, особено во однос на менаџирање на локалната влас, но истовремено мислиме дека ова не треба да се реализира по цена на загрозување на безбедноста и мирот во тој дел на Косово“. Оваа порака ја испраќаат од Алтернатива преку соопштение до медиумите, а во врска со тензиите кои се случуваат на северот на Косово.

„Организирањето на избори за локална власт во општините со мнозинско српско население во северно Косово, независно од бојкотот на некои партии кои се диригирани од Белград, е легитимно право на државните институции на Косово и пред се во интерес на животот на граѓаните на таа зона, кои не може да се жртвуваат по никоја политичка причина.  

Како и да е, АлтернАтивА повикува на умереност и внимателност, но и за взаемен дијалог, на начин кој не го загрозува тешко постигнатиот мир, но и европската перспектива на Западен Балкан“, додаваат од Алтернатива.

29.05.2023 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега