Алтернатива и Алијанса за Албанците: Уште колку деца треба да се инфицираат за Министерството за образование да преземе мерки

Најавата дека дваесет деца се заразени со Ковид-19 и сите се хоспитализирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, јасно покажува дека Владата и по една година продолжува да биде неодговорна и да нема конкретен план за справување со пандемијата за
заштита на здравјето на децата и граѓаните од инфицирање, велат преку соопштение од Алтернатива и Алијанса за Албанците.

„Ова е уште една причина да се заклучи дека оваа учебна година, како што започна без никакви подготовки, и ќе заврши со длабок неуспех и со многу сериозни последици по здравјето на учениците. Затоа, без оглед колку е неспособна оваа влада, ја повикуваме заедно со Министерството за образование час поскоро да донесе одлука за разгледување на протоколите
за време на наставниот процес и да се преиспита затворањето на училиштата за да се спречи изложеноста на децата на вирусот Ковид-19.“ стои во соопштението

Коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците ги повикува наставниците да не ги повикаат учениците во училиште за да го тестираат нивното знаење, бидејќи на овој начин ги изложуваат на ризик да се заразат со вирусот Ковид-19, туку овие тестови да се вршат по електронски пат, како што се одвива и наставата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2021 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега