Алтернатива: Комуницираме со „Огнената група“, усвојувањето на амандман за бпрба против корупцијата не е уцена

Алтернатива имаме комуникација со т.н. „Огнена група“ на ДУИ, но не и со Движењето Беса, информира на денешната прес-конференција во партиското седиште, генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирја Ибраими.

- Со т.н. „Огнена група“ сме имале комуникација. Со Беса уште немаме комуникација. Но, тоа се работи кои допрва ќе треба да се видат, рече Ибраими.

На новинарско прашање околу условувањето од страна на Алтернатива на уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата, Ибраими рече дека партиското барање за усвојување на амандман за борба против корупцијата, не претставува условување или уцена.

- Ако е условување и уцена вметнувањето на амандманот за борба против корупцијата, тогаш јас не го разбирам зборот уценување, рече Ибраими

17.02.2023 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега