Алтернатива оди во опозиција, Гаши со остри критики за СДСМ

 

Со остри критики, Африм Гаши, лидерот на „Алтернатива”, кажа дека партијата излегува од Владата.

Според Гаши, во една година владеење има десетици успешни проекти на нивните кадри. Тој посочи дека во нивното владеење, немале коруптивна афера.

„Довчерашните партнери ја поминаа етичката линија. Ние донесовме конечна одлука. Ние одлучивме дека Алтернатива со сите функционери ќе биде опозициска партија”, рече Африм Гаши, лидер на „Алтернатива”.

Одлуката е донесена на состанокот на Централното Собрание на партијата.

„Ние во јануари 2022 година одржавме стабилизација, а во јули започнаа и преговорите со ЕУ. Сакам да се заблагодарам на сите функционери”, објаснуваше Гаши за времето кога влегле во Владата.

12.02.2023 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега