АлтернАтивА: Предлагаме мерки во полза на граѓаните

Алтернатива ги следи со големо внимание политичките настани во земјата и мерките кои се преземаат за надминување на кризата, која е предизвикана од вирусот Ковид-19. Во таа насока ние сме свесни и совесни и за проблемите и кризата што ја предизвика оваа пандемија, особено за нормалното функционирање на стопанството и, затоа, се согласуваме дека за успешно надминување на овој тежок период, сите треба да бидеме активни, велат од партијата.

– Имајќи ги во предвид месечните фактури кои ги плаќаат граѓаните (за ЕВН, телекомуникациски услуги, Водовод, Комунална хигиена и др.), како и за снабдување со храна и други потребни средства (во услови на изолација во домашни услови расте и нивното количество), мислиме дека предложената минимална плата за вработените од јавниот сектор не може да ги покрие најнеопходните месечни потреби. Поаѓајќи од ова, предлагаме платите на вработените во јавниот сектор да не бидат предмет на измени и да останат исти. Исто така, тоа треба да важи и за вработените во приватниот сектор, кои поради превентивните рестриктивни мерки нема можат да работат, па затоа нивната плата треба да бие покриена целосно од владата. Буџетските скратувања треба да се направат од други буџетски единици, кои не нанесуваат штета на и така отежната состојба на граѓаните. Нашиот предлог е јавните функционери, директори, судии и обвинители во месец април и мај да бидат исплатени со минимална плата – велат од Алтернатива.

За олеснување на настаната криза и за мотивација на што побрзо нејзино надминување, ги предлагаме и следните мерки:

– Владата да побара од ЕВН поставување на евтината тарифа на електричната енергија за 24 часа во месец април и мај, бидејќи граѓаните кои седат дома секако трошат повеќе и електрична енергија.

– Да се одложи рокот за плаќање на фактурите од ЕВН, телекомуникациските услуги, Водовод, Комунална хигиена за месец април и мај и да се овозможи плаќање на рати за тие кои немаат можност за плаќање.

– Да се укине исплатата за финансирање на политичките партии за оваа година и предвидените средства да се користат за покривање на економските мерки.

– На лкарите и медицинскиот персонал вработени во клиниките во кои има најмногу инфицирани, да им се исплати дополнителна плата за месец март, април и мај.

– Производствените фирми, кои увезуваат суровини за производство на хигиенски и дезинфекциски средства, заштитни санитарни средства, како и за производство на основни прехранбени продукти, вредноста на пресметаната царина при увоз да ја плаќаат најдоцна до 30-ти Јуни 2020-та година.

– 6 месеци да се замрзнат долговите кои ги имаат фирмите и граѓаните кон јавните институции.

– За сите даватели под кирија на деловни простории Владата да предложи тие да ги одложат нивните барања за април и мај, со тоа што исплатата на овие два месеца да им се овозможи на кираџиите да се изврши на рати до 31.12.2020, а Владата да ги субвенционира со 40% од вкупната месечна кирија пријавена во УЈП за месец април и мај.

– Владата да им обезбеди по 10.000 ден. на семејствата кои немаат никаков приход или кои имаат лица кои се дел од неформалната економија, како и да ги охрабри нив да ги пријават таквите случаи, при што Владата ќе им наложи на деловните субјекти да ги пријават истите како редовни работници.

– Црвениот крст да состави листа и да ги контактира сите изнемоштени и стари лица, кои живеат сами, за нивно снабдување со храна и леков.

– Во семејствата во кои двата родитела се доктори, медицински персонал, полицајци, пожарникари или војници, државата да се грижи за нивните домашни потреби преку активистите на Црвениот крст.

– Укинување на исплатата за градинки до 30-ти јуни.

– За секоја жртва – смрт предизвикана од вирусот Ковид- 19 – Владата да им помогне на семејствата за покривање на трошоците за погреб во вредност од 60.000 ден.

Алтернатива, исто така, ги подржува и предлозите за укинување на извршителските постапки до крајот на месец август, стимулирање на банките за давање на кредити со поволни услови, намалување на каматните стапки на заемите, како и одложување на исплатата на ратите од кредитите за приватни лица и за фирми.

Давајќи поддршка за спасување на стопанството и благосостојбата на граѓаните, ги повикуваме и другите партии и релевантни фактори во државата да бидеме внимателни и, ако има потреби од некакви скратувања, последни на листата да бидат обичните граѓани. А, ако нешто и помага на домашната економија, функционерите не Алтернатива се првите кои се подготвени за секаква одлука што е во полза на домашното стопанство, соопшти партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега