Амбасадата на САД во Москва пред две недели предупреди: Избегнувајте големи собири

Американската амбасада во Москва на 7 март соопшти дека е свесна за наводните „непосредни планови на екстремистите“ да таргетираат јавни собири во руската престолнина во следните два дена.

„Амбасадата ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти“, се вели во безбедносното предупредување издадено до американските граѓани кои живеат во Русија.

„Граѓаните на САД треба да се советуваат да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, се вели во извештајот. Не беше јасно на кои „извештаи“ се повикува амбасадата во своето соопштение. Истиот ден, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека убила милитанти на Исламската држава кои планирале „терористички напад“ врз синагога во Москва.

Да потсетиме, вечерва се случи напад во концертната сала Крокус Сити Хол во близина на Москва. Гардијан наведува дека во нападот загинале најмалку 14 лица. Неколку лица отвориле оган од автоматско оружје врз цивили во фоајето на салата. Новинската агенција ТАСС јави експлозија и пожар во зградата во која се случи пукањето.

22.03.2024 - 21:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега