Амбасадите на Белорусија во Москва и Киев под опсада: Најмалку шест лица уапсени

Врз зградата на амбасадата на Белорусија во Киев е фрлен факел, јави дописникот на Спутник, а протест е одржан и пред дипломатското претставништво на Русија.

Руската полиција уапси најмалку шест лица во близина на Амбасадата на Белорусија во Москва, јави ТАСС.

Околу 300 луѓе се собраа да протестираат пред Амбасадата, обвинувајќи за изборен фалсификат на претседателските избори во Белорусија, на кои претседателот Александар Лукашенко освои уште еден мандат.

Руската полиција ги тера демонстрантите да се повлечат од зградата, но улиците не се блокирани и протестирачите се враќаат назад.

Врз зградата на амбасадата на Белорусија во Киев е фрлен факел, јави дописникот на Спутник, а протест е одржан и пред дипломатското претставништво на Русија.

Пред белоруската амбасада во Киев одржан е митинг за поддршка на граѓаните на Белорусија кои се уапсени во текот на демонстрациите во различни краеви од републиката.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа