Амди Бајрам: Бранко беше политички шампион

Претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, во вечерашното гостување на „Еден на еден“, говореше за политичките случувања во Македонија и даде свое мислење за некогашните политички лидери.

Тој истакна дека и покрај големото ривалство со поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, тие никогаш не ги нарушиле односите.

 - Бранко беше политички шампион. Ситуацијата со „гол со петта“ и со „гол со глава“ беше една шега и подоцна излезе вистина. Кога излегов тогаш од говорница, го гледам Бранко како се смее. И ми рече: „Ти ми даде гол со петта, а јас кога ќе дојдам на власт, ќе ти дадам гол со глава“ - рече Бајрам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега