Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на великаните

Откако беше објавено дека лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам ќе биде погребан на Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел, на социјалните мрежи имаше низа реакции на граѓаните.

Од АД Бутел за „Либертас“ појаснуваат дека информацијата е погрешна и дека Бајрам ќе биде погребан на муслиманска парцела веднаш зад еврејските гробишта во Бутел.

-Починатиот Бајрам ке биде погребан на муслиманска парцела позади еврејските гробишта на Бутел, соопштија од АД Бутел.

Неговиот син Габриел Бајрам на социјалните мрежи апелираше сите кои ќе присуствуваат на погребот да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од коронавирусот.

Тој во изјава за „Фокус“ кажа дека од болницата „Филип Втори“ ги информирале дека Амди Бајрам починал од мозочен удар, а не од коронавирус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега