„Америка има да нѐ слуша или ќе ја избришеме“ - Ким не се штеди со закани

Централниот партиски весник на Северна Кроеја „Родонг синмун“, поради новото ракетно тестирање, напишал дека никаов питисок од надвор нема да го натера Пјонгјанг да прекине со развојот на нуклеарното оруќје и балистичките ракети, ако САД и понатаму се однесува непријателски кон нив.

-Ако САД и понатаму не ги слушаат нашите искрени совети, самозаштитата на нашата држава ќе се зајакнува - се наведува во текстот.

Претходно беше објавено дека Северна Кореја лансираше балистичка ракета источно од својата престолнина Пјонгјанг, наведуваат медиумските извештаи.

НАТО го повика светот да реагира на повторното тестирање на балистичките ракети кои ги испали Северна Кореја, јавува AFP.

Како што наведува агенцијата, НАТО повика на „глобален одговор“ по повод непромисленото лансирање на ракетата на Северна Кореја.

Јапонија изјави дека проектилот веројатно минал на нејзина територија и ги предупреди жителите да се засолнат, пренесуваат локалните медиуми.

Јужна Кореја и САД ги анализираа деталите за пријавеното лансирање, известува новинската агенција „Јонхап“.

 

 

 

15.09.2017 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега