Америка ја изрече првата казна за вселенски отпад: Постои ризик од судир со Земјата

Американската влада ја изрече првата казна за компанија поради вселенски отпад што кружи околу Земјата

Федералната комисија за комуникации (FCC) ја казни Dish Network со 150.000 долари затоа што не го поместила стариот сателит доволно подалеку од другите што се користат, јавува „Би-Би-Си“.

Компанијата ја призна својата одговорност за сателитот EkoStar-7.

Вселенското ѓубре се однесува на делови од вселенски летала и стари сателити кои остануваат во орбитата околу Земјата, но повеќе не се користат и затоа се изложени на ризик од судир.

Компанијата требала да го оддалечи сателитот на 300 километри од Земјата, но во 2022 година го поместила само 120 километри откако останала без гориво.

03.10.2023 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега