Америка продолжува да ја вооружува Украина

Украина доби серија од уште четири високомобилни артилериски ракетни системи HIMARS од американско производство, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.

„Благодарен сум на американскиот претседател Џо Бајден, на секретарот за одбрана Лојд Остин и на народот на САД за зајакнувањето на украинската армија“, напиша министерот Резников на Твитер, пренесе Ројтерс.

Ракетните системи ХИМАРС имаат поголем дострел и се попрецизни од украинската артилерија од времето на Советскиот Сојуз, што им овозможува на украинските сили да се вклучат во руски цели кои претходно биле недостапни.

01.08.2022 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега