Американка намерно кашлала врз храна во продавница - сега ѝ се заканува обвинение

Жена која намерно кашлала на храна во продавница во Пенсилванија ќе се соочи со кривична пријава, соопштила полицијата.

Неименуваната жена влегла во продавницата Герити во градот Хановер Тауншип и почнала да кашла кон пекарските производи, месото и останатите производи, напишал сопственикот на ланецот маркети, Џо Фаула на Фејсбук.

Вработените морале да го тргнат сите производи од рафтовите и да го дезинфицираат местото на кое жената кашлала, а проценуваат дека производите вредат околу 35.000 долари.

Обезбедувањето брзо ја оддалечило жената од продавницата, а полицијата неколку часа подоцна ја пронашла и ја притворила, пренесува Си-Ен-Ен.

„Надлежните не веруваат дека жената не заразена со коронавирус, но соопштија дека ќе направат се за да биде тестирана“, напишал Фасула.

Американското министерство за правда соопштило дека претходно луѓето кои намерно ширеле коронавирус можеле да бидат обвинети за тероризам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега