Американската католичка црква крена бунт против вакцината на Џонсон и Џонсон

Американската католичка црква е против вакцината на Џонсон и Џонсон бидејќи велат дека е произведена на база на клеточни ткива добиена од арботус.

Црквата ги повика следбениците да ја избегнуваат оваа вакцина, тврдејќи оти е развиена, тестирана и произведена со помош на клеточна линија извадена од арботуси.

Конференцијата на католички бискупи ги повика католиците да одберат алтернатива која ја нудат Фајзер и Модерна бидејки вакцината на Џонсон и Џонсон покренува прашања за „морална дозвола“.

-Одобрувањето на оваа вакцина за употреба во САД повторно поставува прашања за моралната дозвола за употреба на вакцини развиени, тестирани и произведени со помош на ќелии од арботуси, вели бискупот Кевин Роудс.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега