Американски дерматолог советува: Со оцет и кромид отстранете ги старечките пеги

Директно од оставата – со кромид и оцет од јаболко до бела кожа

Со текот на годините хиперпигментацијата претставува проблем за некои лица, додека други едноставно тоа го толкуваат како резултат на годините и возраста…

Сепак, не секој сака да ги има тие старечки пеги на своите раце или лице.

Велат дека лекот е во комбинацијата на кромид и оцет од јаболко.

Како?

Потребно е да исчистите една главичка кромид и да ја изблендирате а потоа убаво исцедите. Тоа можете да го направите на повеќе начини – можете и да ја изрендате. Како и да го иситните кромидот потребно е потоа да го исцедите. Во таа течност треба да додадете еднакво количество оцет од јаболко (по можност природен кој може да се набави во продавниците за здрава храна)

Добиената течност треба да се нанесува на кожата секој ден а резултатите ќе ги забележите веќе после неколку недели.

Но, многу е важно пред редовна употреба да направите тест на кожата за да избегнете иритација.

Ако сте доследни во примената на оваа течност ќе гледате како старечките флеки и други дамки од вашата кожа исчезнуваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега