Американски експерт најавува „црни денови“: Наредните 5 месеци ќе биде најлошо, потрудете се да не бидете сами

Деканот на Националната школа за тропска медицина на Медицинскиот факултет Бејлор, Петер Хотез, предупредил дека во наредните 4 до 5 месеци може да биде најлошо поради пандемијата коронавирус затоа што повече од половина американски држави известуваат за порастот на новите случаи.

„Сега е клучно наредните 4 или 5 месеци, кога ќе влеземе во можеби најлошиот период во текот на оваа пандемија. Колку и да биде лошо, наскоро ќе се влоши“, рекол Хотез. Тој препорачува создавање на „единици“ со пријателите или членовите на семејствата во наредните неколку месеци.

Може да дојде до двојно поголем број починати до неделата после инугурацијата, рекол Хотез.

„Ова се тешки работи. Она што се обидов да им го објаснам на луѓето е дека ќе биде подобро, но дека ќе поминеме низ ужасен период“, рекол тој.

„Потрудете се во тоа време да не сте сами и да размислите за тоа да имате пристап до советувалишта за ментално здравје“, додал Хотез.

„Луѓето ќе се чувствуваат напуштено, ќе се чувствуваат сами“, истакнал тој и додал дека тоа ќе биде едно од најмрачните поглавја во модерната американска историја.

„Подгответе се за тоа, но запаметете дека ќе биде подобро“, нагласил Хотез.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа