Американски извештај открива: Делта сојот е попренослив од ебола и сипаници, потребен е нов пристап

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја опишува делта варијантата на коронавирусот како исто заразна колку и малите сипаници, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на документ на ЦДЦ.

Во извештајот се наведува и дека делта сојот на Ковид-19 е веројатно посилен од заштитата што ја обезбедуваат вакцините, пишува „Ројтерс“.

Ново истражување покажа дека вакцинираните лица заразени со делта сојот носат огромни количини на вирус во носот и грлото, објасни директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски и додаде дека оваа варијанта е попренослива од вирусот САРС, ебола и големи сипаници.

Непосреден следен чекор на агенцијата е да признае дека војната е променета, се вели во извештајот, а се очекува ЦДЦ да објави и дополнителни информации.

Makfaks

30.07.2021 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега