Американските војници добија забрана за движење

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер издаде наредба за забрана на движењето на сите американски војници во странство во период од 60 дена.

Тој за Ројтерс рече дека целта е да се ограничи ширењето на коронавирусот во армијата.

Нагласи дека наредбата се однесува на сите американски сили, цивилниот персонал и нивните семејства, но истакна дека ќе има исклучоци. Како пример го наведе повлекувањето на американските војници од Авганистан кое, како што рече, ќе продолжи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега