Ана Ивановиќ е бремена - светските медиуми ја објавија веста

Славниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер и неговата сопруга, српската тенисерка Ана Ивановиќ, се едни од главните теми во светските медиуми овие денови.

Како што се шпекулира, тие двајца го чекаат своето трето дете, а Ана наводно е во третиот месец од бременоста! Тие биле фотографирани од странски папараци на плажа во Шпанија, а се наведува дека на сликите на тенисерите се гледа труднички стомак.

Извор близок до семејството за локалните медиуми открил дека Ана е наводно навистина бремена, но дека ги крие овие вести од јавноста и дека ги знаат само најблиските.

„Поради градбата на Ана не се абележува дека е бремена. И во првите две бремености беше така, мешето беше видливо дури после 5-от месец, така да успеа од јавноста да ги скрие- вели изворот.

Тој исто така изјави дека Ана и нејзиното семејство се преселиле во Шпанија, во Палма де Мајорка, каде што имаат дом и каде планираат да останат трајно.

Ана и Бастијан засега имаат два сина.

 
 
 
View this post on Instagram

Hey you. It's always fun thinking back to this special place with this handsome man

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic) on Sep 7, 2020 at 8:21am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега