Андонов најавува иницијатива за смена на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов најави иницијатива за промена во раководството на ВМРО-ДПМНЕ и смена на актуелниот прв човек на партијата, Христијан Мицкоски.

„Ви упатувам покана за присуство на прес конференција во организација на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ, на тема: “Иницијатива за промена на Мицкоски од лидерската позиција”. Прес конференцијата ќе се одржи на ден 21.09.2022 (среда) во 12:00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје“, се наведува во соопштението испратено до медиумите.

20.09.2022 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега