Андоновска: Менаџерскиот тим на ЈП Градски паркинг за три месеци успеа да сработи повеќе од тоа што е реализирани изминатите 4 години од претходната власт

Од она што можеме да го видиме разликите се очигледни и оние негативности кои што се случувале минатиот период сега се само едно минато. Новите менаџерски тимови почнуваат да работат и да ги носат јавните претпријатија во онаа насока во која што треба да се движат, да работат позитивно, одговорно, чесно, транспарентно во интерес на сите граѓани за кои и што се формирани овие јавни претпријатија, рече Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која се дискутираше за тримесечниот извештај на  Јавното претпријатие Градски паркинг.

Андоновска наброи дел од работите кои што директорот успеал само за три месеци да ги реализира, нагласувајќи дека доколку се сака може да се постигнат позитивни промени и да се работи одговорно и во интерес на граѓаните.

Сакам само да ги набројам работите кои што менаџментот на ЈП Градски паркинг Скопје успеа да ги реализира за само 3, 4 месеци, акција на уредување на паркиралишта заедно со ЈП Паркови и зеленило односно уредување на сите површини за да изгледаат паркиралиштата онака како што треба, намалени цени за 25 проценти за зонските паркиралишта, започнати се нови постапки за нови зони во Карпош, Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода. Јавното градско претпријатие успеа да направи бележење на постоечките паркинг инвалидски места и поставување на нови табли, поставување на нови показатели табли на паркингот на Клиничкиот центар,  надминување на проблемот со СМС пораките со кои што сите ние барем еднаш се имаме соочено со овој проблем, потпишани се договори за соработка со Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба, поставени се заштитни столбови на повеќе паркиралишта во Аеродром, Државна болница, Народен фронт, АМСМ, и Зоил, воведени се нови услуги од секторот Пајка, како што е шлеп службата  и повик на трето лице, склучен е договор за машинско чистење на катните гаражи Беко и 26ти Јули, потпишан е договор за уредување на затворените паркиралишта со кои ќе има обнова на застарената опрема на неколку паркиралишта, и ќе се постават два нови паркомати и нови шалтери за наплата во Клиничкиот центар, и многу други проекти, вели Андоновска.

Од она што го изнесов денеска и од она што го гледаме дека работите одат во позитивна насока. Го охрабруваме менаџментот на ЈП Градски паркинг да работи одговорно како што работи изминатите 3 месеци. Ова покажува дека можело да се работи и за само 3 месеци да им се покаже на граѓаните дека доколку се сака може да се направат позитивни промени и тоа за кратко време, заклучи таа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

19.05.2022 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега