Андоновска: Светска недела на имунизација а во Македонија заради неспособноста на Заев и Филипче нема вакцини

Оваа недела е светска недела на имунизацијата, во светот владее најголемата пандемија од поновата историја, сите држави масовно вакцинираат, само Македонија со Заев и Филипче нема вакцини, рече на денешната прес конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.

Според неа се што досега беше добиено како вакцини, освен една пратка од 3.000 „спутник В“ вакцини, се донација, од Србија, од „Ковакс“ и од Обединети Арапски Емирати.

„Пет месеци Венко Филипче е неспособен да набави вакцини. Не се, се уште вакцинирани сите доктори, не е вакциниран здравствениот персонал, вакцини чекаат хронично болните, ранливите категории и сите оние граѓани сакаат да бидат вакцинирани. Но вакцини нема. Има единствено погрешни приоритети и политики на власта“, вели Андоновска.

Таа цени дека здравствениот систем е неорганизиран, а граѓаните се оставени на милост и немилост.

Според нае сите заразени и починати по први јануари 2021 година ќе одат како што вели на совеста на Венко Филипче и неговата неспособност да набави вакцини.

„Јавноста можеше да види како најмиле офшорд фирма за да книжат огромни провизии. Вакцини нема затоа што веројатно им е побитен профитот од здравјето на граѓаните. Затоа ние повикуваме во најбрз можен рок да се набават што поголем број на вакцини за сите оние граѓани кои сакаат да бидат вакцинирани и да не трпат поради сето тоа и поради неспособноста на власта. Поради ваквата нивна неспособност, здравствената криза се рефлектира и на економијата, луѓето губат работни места, остануваат без егзистенција“, потенцира Анодновска.

Напомена дека доколку не можат и не знаат како, нека вклучат експерти и луѓе кои што долги години работи во областа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2021 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега