Андоновски: Во „Гугл“ да работите не можете за 5, 6 години да заработите толку имот како фамилијата на власт

Извештајот на ЕК претставува една рентген слика на тоа каква е состојбата во општеството, во Македонија. И во повеќе од стотина страни се анализираат аспекти на македонското општество, на македонската политика, македонските институции, рече Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Алфа.

– Проблемот првенствено е во корупцијата, која што во овој Извештај го зазема највисокото место на критика. Вториот сериозен проблем е реформата во јавната администрација, која што исто така е проблем затоа што не е сервис на граѓаните. Не нуди услуги. Тука се и ред други домашни задачи кои власта очигледно не им посветила воопшто доволно внимание. И како еден најголем проблем за кој што треба многу да внимаваме во наредниот период особено заради ковид кризата е проблемот со економијата на кои особен акцент се става во самиот Извештај –  нагласи Андоновски.

Андоновски додаде дека власта парите што ги зема на заем ги троши непродуктивно.

– Како е тоа непродуктивно? Парите се трошат на превработување на администрацијата, имавме десетици огласи во општините за време на криза. Се пополнети некои општини по 200-300 нови вработувања. Имаме договори, тие што ги велат хонорарни вработувања сето тоа за да се зачува еден внатрепартиски мир кај СДСМ. А, од друга страна немаме никакви капитални инвестиции, односно тие пари кои што се земаат не се вложуваат –  истакна Андоновски.

Андоновски посочи дека според критериумите од Мастрихт се смета дека државата може да пристапи кон ЕУ ако задолжувањето и е до 60 отсто од БДП. Ако се надмине тој праг автоматски не се исполнува еден од клучните услови на ЕУ.

Андоновски напомена дека за носење одлуки и пресуди судската власт за одредени луѓе бргу решава во случај на претставници од поранешната власт или пак обични граѓани, а пак, за функционерите од актуелната власт решенија нема, предметите и случаите се заташкуваат.

– Ние пред изборите предложивме донесување на закон за испитување на потекло на имот. Не може да ни се случува политичар кој што се занимава со политика 5, 6 или пак 7 години, еден или два мандати да му се случи да има милиони или милијарди во имот, во автомобили, во луксузни вили. Политиката не смее да биде извор на доход како да сте бизнисмен во некоја најиновативна компанија. Па во „Гугл“ да работите вие не можете за 5, 6 или 7 години да заработите толку имот како што има фамилијата на власта –  рече Андоновски.

Андоновски посочи дека такви нелогичности во Западниот свет се откриваат но и казнуваат, така треба да се одвива и во Македонија.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега