Андрикин за Сител: ОБСЕ-ОДИХР ќе даде оценка еден ден по изборите

Наш приоритет е безбедноста на набљудувачите и граѓаните на земјата домаќин и ќе го минимизираме нашиот епидемиолошки „отпечаток“ во земјата, истакна шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Лаима Андрикин во интервју за Сител.

Вели дека мисијата за изборите во Србија имаше истиот формат.

-И тоа беше Специјална мисија за проценка на изборите, и за претседателските избори во Полска имавме ист формат и во Хрватска за изборите минатата недела мисијата беше дури и помала, рече Аникин.

Појаснува дека ОБСЕ/ОДИХР не го набљудуваат само избирачкиот ден, туку целиот изборен процес.

-Нашите аналитичари ги покриваат темите како изборна администрација, регистрација на гласачи, изборна кампања, политичка кампања, финансирањето на кампањата, механизмите за поплаки и спорови, медиумското покривање на кампањата и целокупната правна рамка за изборниот процес, вели Аникин.

Вели дека во случајот на Македонија има една точка плус, а тоа е сеопфатен мониторинг на медиумите во кампањата.

-Ова веруваме дека ќе придонесе кон нашата оценка за изборниот процес, рече Андрикин.

ОБСЕ/ОДИХР на 16 јули се очекува да го презентира прелиминарниот извештај за тоа како поминал целиот изборен процес.

Андрикин за Сител: ОБСЕ-ОДИХР ќе даде оценка еден ден по изборите

Posted by Сител ТВ on Saturday, 11 July 2020

11.07.2020 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега