Анџелина Џоли го покажа своето момче - „уловени“ за време на романтична вечера

Анџелина Џоли и канадскиот пејач The Weeknd веќе некое време активираат гласини дека се во љубовна врска, а неколку пати биле затекнати во текот на романтични вечерни излегувања во Лос Анџелес.

Познатата актерка и пејачот поминале два и пол часа во приватниот дел од луксузниот семеен италијански ресторан „Giorgio Baldi“ во Санта Моника, популарниот дел од Лос Анџелес.

Токму тој ресторан бил местото на првото заедничко излегување на Анџелина и пејачот на 30 јуни, пренесува „Daily Mail“.

Иако Анџелина се потрудила да пристигне на вечерата во осум часот сама, сепак не ѝ пречело да излезе од ресторанот заедно со пејачот, а потоа да влезе во неговиот автомобил, по што пристигнале во неговата вила од 70 милиони долари.

Втората сопруга на Бред Пит била стилизирана во црно, носела црн капут и потпетици, како и чанта од брендот „Saint Laurent“.

А, популарниот пејач исто така носел симпатична црна јакна, тесни фармерки и црни чизми.

28.09.2021 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа