Ангела Меркел утре ќе се обрати пред Европскиот Парламент

Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе го посети Европскиот Парламент по повод почетокот на германското претседателство со ЕУ, по што ќе одржи дебата со европратениците.

Канцеларката ќе ги презентира приоритетите на претседателството на нејзината земја со ЕУ, кое доаѓа токму во екот на длабока економска криза, а се очекува таа да го нагласи Западниот Балкан како една од најважните теми за Германија во текот на шестмесечното претседавање со Унијата.

 

Меркел физички ќе го посети Европскиот Парламент, но ограничено ќе биде присуството за медиумите поради коронавирусот, тие ќе можат да ја следат дебатата преку интернет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега