Ангелов: Не се плашам од смртта а не од разрешување

Во денешната Тема на денот директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на прашање дали ќе прифати одлука од владата доколку биде разрешен кажа дека не се плаши од смртта а не од разрешување.

„Владата одлучува и јас ќе ја прифатам секоја одлука, јас не се плашам од смртта а не од разрешување. Работата која јас ја извршувам е неблагодарна, кој и да е директор тие се можностите.  Целата негативна енергија беше персонализирана во мене и мене тоа ме иритира“, кажа Ангелов. 

Ангелов додаде дека одговорни за пожари се Дирекцијата за заштита и спасување а Центарот за управување со кризи е само една од скалите помеѓу градоначалниците и Армијата а одлуката за употреба на хеликоптер ја носи Врховниот командант на Армијата.

04.08.2021 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа