Ангелов: Ние немаме време за филозофирање, секој ден гаснеме пожари

Oпасното ширење на пожарот над Будинарци е сопрено со контролирано предизвикан контра – пожар. Вчера имаше четиринаесет  пожари, во овој момент има само четири. Се надеваме дека најмалку еден од овие четири пожари денес ќе биде целосно изгаснет.Ние немаме време за филозофирање, бидејќи секој ден гаснеме пожари“, изјави на денешната прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Ангелов се заблагодари на големата помош на населението во гаснењето на пожарите.

„Без силите на државата пожарите не е можно да се изгасат. И без помошта од странските сили, на кои сме им многу благодарни. Австријците не дојдоа како туристи, Бугарите не одеа на пиикник во Дојран па застанале тука. И српските хеликоптери и романските авиони дојдоа да помогнат на барање на Главниот штаб, значи на повик на државата“, рече Ангелов.

10.08.2021 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега