Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите ќе снимам во живо

Пет хеликоптери, три српски и еден македонски полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој на социјалните мрежи објави дека вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во овој регион.

„По извршеното изведување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар. Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот и процесот на гаснење од воздух“, напиша Ангелов.

 

Сепак директорот на ЦУК во меѓувреме објави и дека поради безбедносни причини и протоколи нема да може да се вклучи во живом но соопшти дека петте хеликоптери почнаа со гаснење.

Инаку, пожарот кој се разгоре во околината на Пехчево се уште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово кои се најзагрозени од огнената стихија.

05.08.2021 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа