Ангелов: Се уште не е пронајдена жената која изгоре, се надеваме дека успеала да избега

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, на денешната прес-конференција информираше дека сè уште не е пронајдена жената за која се тврди дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане.

-Немаме одговор дали жената е побегната, и каде се наоѓа. Ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор, таа е единствена потенцијална жртва засега. Изразуваме сочувство до семејството за жената доколку е почината. Одвнатре се надеваме дека е жива и дека благовремено успеала да побегне од огнената стихија, изјави Ангелов.

10.08.2021 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега