Ангелов: Скара не е причина за пожарот во Галичник

Пожарот во Галичник беше изгаснат благовремено. Тој не се прошири во селото. Жителите и гостите, како и објектите и куќите не беа загрозени, изјави во Утрински брифинг директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

-Се уште не се знае која е причинат аза пожарот. Во текот на вчерашниот ден од страна на МВР се вршеше увид. Јас лично, заедно со претседателот на МЗ Галичник го разгледавме местото и постои можност причина да електриката, односно жиците од далноводите кои иминуваат низ боровоата шума. Но ова е паушално тврдење и чекаме на одговор. Теренот кој беше зафатен од пожарот не беше голем, ја исклучувам можноста подготовка од скара да е причината, вели Ангелов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега