Ангеловска демантира дека подигнала штеден депозит од „Еуростандард банка“ по добиена информација оти банката ќе затвори

Министерката за финансии, Нина Ангеловска ги демантира информациите дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка по добиена информација оти банката ќе ја загуби лиценцата за работење.

-Сите промени на имотната состојба на министерката се уредно пријавени во анкетниот  лист и ги охрабруваме новинарите-истражувачи да ги погледнат датумите на пријавените промени. Потенцираме - промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со денешната објава на Народната банка. Во повеќе наврати беа пласирани лажни вести во обид да го нарушат угледот и репутацијата на министерката за финансии. Очекуваме дека медиумите кои се информатор на граѓаните и кои носат одговорност во вакви ситуации кога пласирале непроверена и неточна информација ќе делуваат навремено и истата ќе ја повлечат, а воедно ги охрабруваме слободно да ги проверат информациите од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), се вели во демантот на Ангеловска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега