Англиски клуб по грешка именуваше трибина по сериски убиец

Англискиот петтолигаш Саутенд јунајтед се најде во засрамувачка ситуација, откако потврди дека ќе го смени името на нивната трибина „Гилберт и Роуз Вест“, откако на социјалните мрежи беше посочено дека на ваков начин трибината носи име на една од најозогласените сериски убијци во британската историја.

Роуз Вест, заедно со нејзиниот сопруг Фред, убија непознат број на луѓе во нивниот дом во Глостер во период од 20-години од 1960-тите. Роуз е во затвор од 1995 година, кога била осудена за 10 убиства во 1995 година, додека Фред се самоуби во затвор истата година.

Проблемот на Саутенд бил спонзорскиот договор со компанијата за недвижнини „Гилберт и Роуз“, и како дел од промоцијата, тие го сменија името на нивната Рутс хол трибина во „Гилберт и Роуз Вест“. Претсеателот на клубот, Рон Мартин потврди дека името нем да остане.

„Ова беше вистинска несреќа. Можам да замислам дека Гилберт и Роуз се воодушевени од публицитетот кој го добија, но за клубот ова не е добро. Мислам дека нашите луѓе од комерцијалниот сектор воопшто не биле родени кога се случиле тие трагедии и не знаеле што ќе предизвика. Сега ќе го смениме името на трибинат во ‘Вест стенд спонзорирано од Гилберт и Роуз’“, вели Мартин, кој потври дека името на трибината ќе остане на 3.000 сезонски билети кои ги продале поради „превисокиот трошок“.

04.08.2022 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега