Анкета: Две третини од граѓаните во „двојка“ и „шестка“ сметаат дека актуелната власт треба да си замине

Големо мнозинство од граѓаните во изборните единици 2 и 6 сметаат дека треба да се промени власта. Ова го покажува мартовската анкета на ИПИС презентирана во емисијата Објектив на МРТ.

Во втората изборна единица  2 на прашањето “дали на наредните избори треба да се промени актуелната власт?„ , 62,9% одговориле дека треба да се промени, 21,2% рекле дека треба да остане, а 15,9% не знаеле или немале одговор.

Во ИЕ6 слично како и во втората изборна единица големо мнозинство не и даваат доверба на актуелната власт, па така 54,1% испитаници рекле дека треба да се промени, 26,2% одговориле дека треба да остане, а 19,7% не знаеле или немале одговор.

03.04.2024 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега