Анкета: Со формирање на новата Влада нема да се надмине политичката криза

Со формирање на новата Влада нема да се надмине политичката криза во Македонија, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања Скопје објавена утрово.

Според неа најголем процент од испитаниците, 42.7%, сметаат дека кризата нема да биде надмината и со новата постава на Владата, додека пак, 28.6% од испитаниците, смеетат дека со новиот тим ќе има промени во позитивен правец. А, пак, 28.6% од испитаниците, се изјасниле дека не знаат, дали би имало надминување на кризата со новата владина постава.

 Исто така, податоците на анкетата покажуваат дека, 42.3% од испитаниците се изјасниле дека со новата влада не би имало никакво подобрување во нејзината работа, 33.3% од испитаниците сметаат дека би се промениле нештата на подобро, а пак 24.4% се изјасниле дека не би знаеле како би се движеле работите во однос на работата на Владата.

Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски врз репрезентативен примерок од 1124 испитаници во периодот од 17 до 19 јануари годинава.

21.01.2022 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега