Анкета: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ (ФОТО)
ВМРО-ДПМНЕ за речиси два отсто има поголема поддршка од владејачката СДСМ, покажува анкетата која ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.
На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?“ 23,1 % од граѓаните рекле ВМРО-ДПМНЕ, 21,2 % за СДСМ, 6,9 % за ДУИ, 1,1 % за БЕСА, 5,9% за Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, 4,4% за Левица, а 3,9% за друга партија.
За ниедна не би гласале 11,9% од граѓаните, 10,2% не сакале да одговорат на прашањето, а „не знам“ одговориле 11,4%.
ИПИС спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 1 и 4 март 2021 на 1109 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа