Анкета во Црна Гора: Секој втор граѓанин смета дека коронавирусот нема да се врати

Секој втор граѓанин на Црна Гора верува дека коронавирусот нема да се врати оваа година, а повеќето сметаат дека вирусите слични на Ковид-19 ќе бидат вообичаена појава во следните десет години, покажува најновото истражување на агенцијата Ипсос.

 

Според анкетата, која Ипсос ја спроведе со поддршка на УНИЦЕФ, СЗО и Институтот за јавно здравје, мнозинството граѓани на Црна Гора применуваат разни мерки за превенција против ширењето на новиот коронавирус.

– Речиси 96 отсто од Црногорците велат дека се информирани за коронавирусот, додека процентот на оние кои се загрижени дека тие или нивни блиски луѓе би можеле да се заразат, се намали од 81 отсто во март на 56 отсто кон крајот на мај, се наведува во соопштение на УНИЦЕФ.

Истражувањето покажува дека две третини од граѓаните веруваат оти наскоро ќе биде произведена вакцина против Ковид-19, а седум од десет испитаници сметаат дека вакцините се еден од најдобрите изуми на медицината, благодарејќи на кој многу заразни болести се излекувани. Една третина од граѓаните одговориле дека ќе се вакцинираат доколку биде откриена вакцина против коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега