Апасиев: Да го следевте Мијалков ко Алфава моја шо ја сликате низ Скопјево, нааааааа шо ќе ви избегаше

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Во врска со ова се огласи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Да го следевте Мијалков коо Алфава моја шо ја сликате низ Скопјево, нааааааа шо ќе ви избегаше #ПриоритетитеНаЖандармеријата“, напиша пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, на својот фејсбук профил:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2021 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега