Апасиев: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица


Апел до граѓаните да заокружат 5 и да дадат што поголем број пратеници на Левица со цел да дадат поголема шанса на млади, неподмитливи луѓе во Собранието - ова е една од пораките на претседателот Апасиев.
 
,,Целта на Левица на овие Избори е да го кутне сдс под 20 и, конечно, да ја пасокизираме сдс. Тоа се прогнозите, тоа се реалните очекувања и оваа теренска кампања тоа го покажува", истакна Апасиев.
 
Она што се случи на Претседателските избори, за Левица е очекуван резултат, со оглед на тоа дека со претседателски кандидат се учествува првпат. 
 
,,На Парламентарните очекуваме солиден резултат со којшто ќе овозможиме моќта на уценување од албанските необалистички партии да премине, конечно, во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот наспроти сите антимакедонски сили коишто сакаат да внесуваат Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни парламенти, да менуваат Устав со кој ќе се бришат 20% и ќе влегува друг официјален јазик... Против сето тоа единствен бранител ќе биде Левица", истакна Апасиев. 
 
Левица пред штипјани ја претстави и својата програма, којашто е единствена различна од сите други програми. 
29.04.2024 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега