Апасиев: Лижачите му ракоплескаа на Лузерот

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера на социјалната мрежа Фејзбук, даде коментар во врска со аплаузот кој го доби лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашниот состанок. 

„Лижачите му ракоплескаа на Лузерот“- се вели во фејзбук статусот на Апасиев.

Покрај реакцијата на Апасиев, вчера се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со аплаузот на претседателот на СДСМ, Заев.

 -Се прашуваме за што му аплаудираат, за инфлацијата, за поскапувањето на струјата, за пожарот во РЕК Битола или тоа што нема струја или за тендерите со кои партал ја направи државата? Дали можеби му аплаудираа на Заев за немањето одговорност за 14-те изгорени во моуларната во Тетово или за 500 заболени од ковид дневно и што сме со во врвот со највисока стапка по починати во светот? Дали му аплаудираа на Заев за тоа што сме најлоши по корупција на 111 место во светот или што сме прогласени за хибриден режим?, прашуваат од партијата и бараат СДСМ да појасни за што точно е аплаузот.

10.11.2021 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега